Да научиме како да разговараме со другите за хемофилијата

Некој соученик можеби ќе чуе како разговараш со наставникот по физичко дека имаш хемофилија и те прашува што значи тој збор, или пријателите може да те прашаат зошто не играш фудбал со нив. Потоа, ако сакаш, можеш да одговориш дека имаш хемофилија и едноставно да им објасниш што значи тоа.Можеш да им кажеш дека на твојата крв и недостасува состојка наречена фактор на коагулација. Ова е причината зошто лесно крвариш, дури и ако се удриш малку. Покрај тоа, ако се повредиш, потребно е подолго време твоето крварење да запре во однос на нивното.Затоа, мора да бидеш повнимателен од нив да не се повредиш.
Ако некој те праша дали може да добие хемофилија од тебе, одговорот е дека сигурно не може, затоа што нарушувањето не е заразно. Ти си роден/а со ова нарушување на крварењето.
„Имам хемофилија, така што мојата крв е малку поразлична од твојата. Ако се удрам и крвта почне да тече, ќе треба подолго време крварењето да престане
„Бидејќи лесно крварам, најдобро е да не играм фудбал. Но, јас ги знам сите правила и можам да бидам судија на натпреварот"!
„Деновиве не одев на училиште затоа што имав крварење на коленото. Не треба да шетам долго за да не го оптеретувам коленото многу, така што останав дома чекајќи да заздрави“.
„Хемофилијата не е заразна и затоа не можеш да ја префатиш од мене“.
„Може да крварам, но да не се гледа дека тече крв и затоа не ќе можеш да забележиш дека крварам. Таквите крварења може да се случат на лактот или коленото“.
Под покровителство на: Иницирано од:
Овие информации се наменети да ја информираат и ажурираат јавноста и во никој случај не можат да послужат како замена за консултација со доктор или друг здравствен работник.
Share This: